Еден од најголемито македонски револуционери и истакнати личности во македонската историја Гоце Делчев е роден на 4-ти февруари 1872 година во Кукуш, а денес се навршуваат 144 години од неговото раѓање.
Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Тој бил против прераното започнување на востанието и заедно со својата чета ја обиколувал Македонија за да ја согледа состојбата.
По повод годишнината од енговото раѓање со свечена приредба почит ќе му одадат и ученици од кумановската гимназија која го носи неговото име.