Влезот на Куманово, односно дел од улицата „11 Октомври“ кој со месеци беше раскопан поради имплементација на ИПА 2 проектот за обнова и поставување нова канализациона мрежа, конечно влегува во завршна фаза.
Вчера започна поставувањето нова асфалтна подлога, по многуте реакции од граѓаните кои дел ги оштетија и своите возила, но и по неколкуте прес конференции на опозицијата.