19.04.2015 16:55

СДСМ во 23-та бомба: Груевски договара физички напад над Жерновски (видео)


Во паркот Капиштец во скопската општина Центар, денес градоначалникот на општината Андреј Жерновски и претставници на СДСМ објавија нови аудио снимки за локалните избори во 2013 година.

Во една од „бомбите“, како што тврди СДСМ, се слуша како премиерот Никола Груевски договарал физички напад врз Жерновски.

loading...

Според партијата, разговорите се однесуваат за денот пред нападот и демолирањето на општината поради наводните намери на градоначланикот да ја руши црквата во центарот на градот.

„У петок ќе му собереме едно 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, пошо нели имаат право граѓани да влезат, па да видиме да размислиме дали еден да стане и едно три четири шамари јаки да му врзе пред сите. Не може ништо да му се напраи, нема тешка телесна повреда тука за кривична, има прекршочна само“, вели машки глас, кој наводно му припаѓа на премиерот  Никола Груевски, во разговор со Јанакиески.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments