Сашо Петрушевски нов државен секретар во МВР

Сподели со своите пријатели

Досегашниот директор на ЈП „Куманово паркинг“ Сашо Петрушевски е именуван за државен секретар во Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Ова беше една од одлуките донесена на денешната прва владина седница на чиј дневен ред се најдоа повеќе кадровски решенија.

– Во тој контекст на денешната седница за нов директор на Бирото за јавна безбедност беше именуван Александар Јанев, а на позицијата државен секретар во Министерството за внатрешни работи е именуван Сашо Петрушевски.  Во оваа прилика сакам да упатам честитки за нивното именување и сигурен сум дека сите заедно ќе работиме во насока на подобрување на безбедноста и стабилноста во Македонија, напиша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски иницираше вонредна седница на Советот за помош на Нови Сад

Тој е добитник на Ноемвриска награда на Град Куманово, како и добитник на награда за најдобро работење на ЈП „Куманово Паркинг” – Куманово од Агенција „Company Wall“ Macedonia за најдобар бонитет А. Поседува повеќе сертификати и обуки за менаџирање со човечки ресурси и комуникациски техники.
 

Никола Ивановски