Саркози: Дипломатијата е единствениот начин да се стави крај на војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Дипломатијата и разговорите се единствениот начин да се стави крај на војната во Украина, изјави поранешниот француски претседател Никола Саркози, додавајќи дека на Европа ѝ е потребна Русија.

Loading...

Тој рече дека Европа треба да ја разјасни својата стратегија и да бара компромис со Москва, наместо, како што рече, да ја следи нејзината чудна идеја за финансирање војна што не ја води, пренесува Ал Џезира Балканс.

„Без компромис ништо нема да биде возможно и ризикуваме во секој момент ситуацијата да се влоши. Ова буре прав може да доведе до страшни последици“, предупреди Саркози во интервју за францускиот весник Фигаро.

Тој ја осуди одлуката на Владимир Путин да ја нападне Украина и изјави дека таа е неуспешна.

Саркози истакна дека Русија е сосед на Европа и дека и покрај недоразбирањата во нивната заедничка историја, тие си се потребни.

Тој ја отфрли кандидатурата на Украина за членство во ЕУ и ја спореди со неуспешниот обид на Турција за влез во Унијата.

„Продаваме лажни ветувања кои не можеме да ги исполниме“, рече поранешниот Саркози.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...