Два вечери со мега концерти ќе го одбележат годинава Денот на ослободувањето на Куманово 11 Ноември.
Покрај многубројни спортски и културни манифестации, програмата ќе кулминира со музички имиња од земјава и регионот кои ќе настапат на 9ти и 10ти ноември на градскиот плоштад, велат за Кумановски Муабети од Фондацијата за култура и спорт кои се организатори на настанатите.
Првата вечер на 9ти ноември ќе настапат: Дајте музика, Тајзи и ѕвезда на вечерта ќе биде популарната балканска пејачка Сара Јо.
Втората вечер (10 ноември) ќе ја отворат Некст Тајм, по што ќе настапат Барди и Алкета, а ѕвезда на вечерта ќе биде Влатко Лозаноски – Лозано.
Концертите е предвидено да започнат во 20 часот, а повеќе детали од Фондацијата за култура и спорт најавуваат наскоро на прес конференција.
Никола Ивановски