Економските санкции на ЕУ против Русија наскоро ќе бидат предмет на суд, најави виенскиот адвокат Георг Кангер, кој вели дека тие се спротивни на меѓународното право.
Кангер застапува голем број клиенти кои поднеле тужби против санкциите.
Тој рече дека се работи за 50 тужби до Европскиот суд.
Кангер посочува дека санкциите го прекршуваат „Општиот договор за трговија со услуги (ГАТС)“.
Тој наведува дека воведувањето рестрикции е можно само од причини на националната безбедност, а санкции суштински не се предвидени во меѓународните организации.
Кангер го застапува ставот дека националната безбедност на ЕУ не е конкретно загрозена од Русија, бидејќи Украина не е членка на Унијата.
– Економските санкции од политички причини се спротивни на меѓународното право – подвлече тој за „Ое24“.
Тој посочи дека не смеат да се воведат санкции без одлуките на Светската трговска организација и ОН.
Кангер смета дека е оправдано да се бори на национално ниво против учеството на една земја во санкции и да се обврзат властите на ЕУ да престанат со понатамошните закани со санкции.
– Санкциите против поединци и другите ограничувања против руските граѓани ја прекршуваат Европската конвенција за човекови права. Принципот на владеење на правото мора да важи и за правните субјекти – рече виенскиот адвокат.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.