Со финансиски средства издвоени од Министерството за култура, деновиве заврши поправката на покривот на градскиот музеј.
Старата покривна конструкција која инаку беше во многу лоша состојба и протекуваше на секој помал дожд сега е заменета со нова покривка на зградата.
Се надеваме дека сега ќе имаме подобри услови за работа, значи она што како тековно одржување на зградата се појави како мал проблем сега е отстрането и се надеваме дека ќе функционираме нормално“- изјави директорката Анита Цветановска.
Инаку Министерството за култура во 2016 има предвидено средства и за уредување на Спомен куќата на Карпош според најсовремени стандарди.
Најчести посетители на музејот главно се учениците од основните и средните училишта од градот.