Самоубиство во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седум годишниот М.Г. од Куманово рано утринава си го одзел животот откако се обесил во својот стан на петтиот кат.

Loading...

Утрово, случајни минувачи пријавиле во полиција дека младо момче се обесило во стан од зграда лоцирана на локалитетот Гарнизон во централното градско подрачје на улицата „Борис Кидрич“.

Од СВР Куманово го потвдрија случајот и информираа дека кај нив бил пријавен во 05.45 часот.

Причините кои довеле до самоубиството не се познати, а по извршениот увид од полицијата не се констатирани физички телесни повреди, ниту пак траги на насилство кај момчето.