Самостојна изложба на Стефан Јакимовски „Графички приказни“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во изложбениот салон на Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово на 18 Мај (четвтрок) 2023 година во 19:30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на проф. м-р Стефан Јакимовски со наслов „Графички приказни – Визуелни приказни раскажани преку ликовната и применета уметност“.

Loading...

Стефан Јакимовски има завршено средно училиште за применета уметност (УПУ “Лазар Личеновски” )-Скопје оддел применета графика.

По завршување на средното образование се запишува на Факултетот за ликовни уметности ФЛУ-Скопје- Уневерзитет Кирил и Методиј, на оддел графика (насока графички дизајн) во класата на проф. м-р  Димитар Малиданов, кај истиот професор завршува и постдипломски студии во 2008 година на тема Мултимедијален пристап во графиката (Графичкиот израз и мултимедијалното дизајнирање и проткајување на ликовните медиуми) . Активен член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ, Друштвото на ликовни уметници на Куманово-ДЛУК,Фото кино клуб “Козјак” и Интернационалната дизајнерска асоцијација CEIDA(ЦЕИДА).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава беше излезноста во Старо Нагоричане до 18:30 часот?

Стефан е уметник кој со својот приказ и експресија на делата го поместува реалното и имагинарното и постојано е во потрага по нови прикази на своите дела кои ги следи и вклопува во модерните текови.

Разбирливи, едноставни, а сепак совршено вклопени во една уметничка целина.

Стефан Јакимовски е редовен професор на Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН-Универзитет и основач на катедрата за графички дизајн на истиот факултет.

По покана одржува гостински предавања на Балкански универзитет-Скопје, Универзитет Мајка Тереза-Скопје но и научно-истражувачка посета на IT-University of Chopenhagen-Данска оддел за дигитален дизајн.

Предава предмети од областа на графика,графички дизајн,типографија,плакат,корпоративна комуникација и друго.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поголема излезност во Куманово од минатите избори

Автор е на многу графички решенија и учесник на меѓународни конкурси,симпозиуми и изложби. Јакимовски е член на повеќе стручни жири комисии,рецезент на книги за средно стручно образование и ментор на наставни и вон наставни проекти.

Јакимовски за својата досегашна работа има добиено многу награди и признанија.

Интегрално соопштение