Невнимателен Французин случајно ја разнел сопствената куќа обидувајќи се да фати досадна мува.
82-годишниот господин од Дордоња во југозападна Франција седнал на вечера кога се појавила вознемирувачката мува.
„Вооружен“ со електрична стапица за муви, тој заминал на лов, но не знаел дека се оштетени инсталациите за гас во неговата куќа, пренесува локалниот весник „Суд ист“.
Искра од електричната фаќалка за мушички предизвикала експлозија на гас што ја разнела кујната и дел од покривот. За среќа, човекот се здобил само со полесни изгореници на рацете.
Во моментов, несреќниот човек престојува во привремено сместување, додека неговото семејство се обидува да ја поправи штетата.
Оваа експлозија не е прв инцидент што се случил во обид да се истреби мал штетник. Минатата година, еден човек во Бразил се обиде да убие лебарки во неговиот двор, вметнувајќи запалени чкорчиња кибрит во дупката во која истурил бензин. Се разбира, ова не е начин да се ослободите од несаканите инсекти.