САД: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Сподели со своите пријатели

Управувањето со Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на земјата, изјави во четвртокот портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, запрашан за неговата реакција на изјавите на рускиот претседател Владимир Путин, кој предлага формирање привремена администрација во Украина.

Loading...

Засега нема коментар од Украина во врска со изјавата на Путин.

Рускиот претседател сугерираше дека Украина може да биде ставена под некаква форма на привремена администрација за да се овозможи нови избори во земјата и потпишување на клучни договори насочени кон постигнување решение, објавија руските агенции во петокот.

Во изјава за медиумите за време на неговата посета на северното пристаниште Мурманск, Путин исто така рече дека Русија постепено, но самоуверено се движи кон постигнување на своите цели во конфликтот во Украина, кој трае повеќе од три години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран жестоко им се закани на САД: Одмаздата ќе биде брутална

Изјавите на Путин за привремената администрација се чини дека се негов одговор на неговите долгогодишни жалби дека украинските власти не се легитимен партнер во преговорите бидејќи претседателот Володимир Зеленски остана на власт и по крајот на неговиот мандат во мај 2024 година влада која ја ужива довербата на народот, а потоа започнува разговори со нив за мировен договор“, рече Путин во разговор со морнарите на пристаништето.