САД: Се урна столб за светло во Дизниленд, има повредени

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени кога силните ветрови во Дизниленд собориле светлосен столб на патеката на влезот во забавниот парк во Анахајм, во американската сојузна држава Калифорнија.

Loading...

Столбот паднал на главната улица на забавниот парк, објави „Вашингтон пост“.

Две лица се здобиле со полесни повреди и им била укажана лекарска помош на местото на настанот, додека трето лице е хоспитализирано со посериозни повреди, изјави портпаролот на Одделот за противпожарна заштита и спасување Џон Меклинток за регистарот на округот Оринџ.

Брзината на ветерот измерена на блискиот аеродром „Џон Вејн“, на околу 25 километри од Дизниленд, била околу 80 километри на час, соопшти Државната метеоролошка станица, пренесува Танјуг.