САД предупредуваат на зголемена можност за напади во Сирија

Сподели со своите пријатели

Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските граѓани на зголемена можност за напади во Сирија за време на празникот Рамазан Бајрам, чија цел би можела да бидат амбасади, меѓународни организации и сириски јавни институции во Дамаск.

Loading...

Методите на напад може да вклучуваат, но не се ограничени на, индивидуални напаѓачи, вооружени напаѓачи или употреба на експлозивни направи, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на американската амбасада во Сирија, пренесува Танјуг.

Советувањето за патување во Сирија на американскиот Стејт департмент е на ниво 4: „Не патувајте“.

Оваа препорака останува на сила поради значителните ризици од тероризам, граѓански немири, киднапирања, земање заложници, вооружени конфликти и неправеден притвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронашол куп воени документи на улица: Ги однел во полиција, но не му верувале

Американската амбасада во Дамаск беше затворена во 2012 година, а чешката амбасада ги застапува американските интереси во Сирија.