Тројца полицајци од Арканзас, САД се суспендирани откако се појави видео на кое се гледа како брутално тепаат уапсен млад човек на бензинска пумпа.
Полицајците велат дека 27-годишниот Рандал Ворчестер им се заканувал на работниците во продавницата во Малбери, во близина на Литл Рок.
Кога неколку полицајци отишле да му се спротивстават, младиот наводно го турнал еден на подот и го удрил во главата, што довело до негово апсење.
Го удирале со тупаници во пределот на главата и го удирале со главата во бетонот
На снимката полицаец постојано го удира со тупаници во главата, дури и откако му ставаат лисици.
Во еден момент неговата глава удира во бетонскиот под.
Идентитетот на полициските службеници се уште не е познат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СНИМКАТА Е ВОЗНЕМИРУВАЧКА!
#BREAKING: Arkansas State Police launch investigation into this incident, captured on camera, outside a convenience store in Crawford County. ASP says two county deputies and a Mulberry police officer were involved. #ARNews
**WARNING: GRAPHIC VIDEO / No audio** pic.twitter.com/dYE0htfAsf
— Mitchell McCoy (@MitchellMcCoy) August 21, 2022