5-годишно момче убило 16-месечно момче во стан во северозападна Индијана, соопштија властите.
Постарото дете добило пристап до пиштол во стан во Лафајет во вторникот попладне и го застрелало момчето, кое е идентификувано како Исаја Џонсон, соопшти полицијата.
Получникот Мет Гард од полицијата во Лафајет рече дека некој надвор од станот се јавил на 911 по пукањето за да пријави дека детето не дише.
Никој не е уапсен, а истрагата сѐ уште е во тек, соопшти полицијата.
Откако ќе заврши истрагата, официјалните лица рекоа дека случајот ќе биде испратен до Канцеларијата на обвинителството на округот Типекано на преглед за да се утврди дали може да се покренат обвиненија.
Лафајет се наоѓа на околу 100 километри северно од Индијанаполис.