САД во голема мера ќе ги зголемат испораките на гас за Велика Британија според Договорот за партнерство за енергетска безбедност, објави денеска британската влада.
„САД планираат да ја удвојат количината на извезен гас во Велика Британија во наредните години во однос на 2021 година, со цел да обезбедат сигурно снабдување“, соопшти британската влада.
Вашингтон планира да извезе околу десет милијарди кубни метри течен природен гас во следната година преку британските терминали, со цел „да се наполни складиштето за гас“, се додава во соопштението.
Според новото партнерство, САД и Велика Британија „ќе работат на намалување на глобалната зависност од рускиот извоз на енергија, стабилизирање на енергетскиот пазар и зајакнување на соработката во енергетската ефикасност, нуклеарните и обновливите извори на енергија“, соопшти британската влада.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.