Автомобил излетал од патот Куманово – Свети Николе, повредена 21-годишна девојка

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишна девојка се здобила со тешки повреди откако автомобилот што го управувала излетал од патот Куманово – Свети Николе и се превртел.

= На 18.11.2026 околу 08:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионален пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.С. од с.Љубодраг, кумановско, излетало од коловозот и се превртело, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Општа болница Куманово.

– Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува силен ветер и дожд

Никола Ивановски