Историската средба меѓу Трамп, Си и Путин започна: Дали светските сили ќе одлучат за судбината на малите земји?

Сподели со своите пријатели

Долго најавуваната и очекувана средба на лидерите на САД, Кина и Русија започна во Шенжен!

Според најавите, средбата се одржува зад затворени врати.

Трилатералната средба меѓу Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин привлекува големо внимание од светската јавност, а се појавија и споредби со конференцијата на Јалта во 1945 година.

Некои коментатори шпекулираат дека тројцата лидери би можеле да се договорат за поделба на сферите на интерес и да одлучат за судбината на помалите држави.

На оригиналната конференција на Јалта во февруари 1945 година, лидерите на САД, Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз разговараа за повоеното уредување на Европа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск: Погрешив што потрошив 500 милиони долари за поддршка на републиканците

Кинеските медиуми и експерти ги отфрлија споредбите на денешната средба со Јалта, нарекувајќи ги „застарено размислување од Студената војна“.

Некои веруваат дека таков договор би бил во спротивност со меѓународниот поредок центриран околу Обединетите нации, но и со посветеноста на Кина на мултиполарен свет.

Кинеското Министерство за надворешни работи постојано одбива да открие детали за планираните разговори.

Само соопшти дека тројцата лидери „детално ќе разменуваат мислења за важни прашања што се однесуваат на светскиот мир“.