САД: 13-годишно девојче роди дете откако била силувана: Властите не ѝ дозволиле да абортира

Сподели со своите пријатели

13-годишно девојче во американската сојузна држава Мисисипи родило момче откако било силувано од странец затоа што не можела да абортира, објави Тајм.

Loading...

Мајката на девојчето барала абортус за нејзината ќерка, но ѝ било кажано дека најблиското место за абортус е Чикаго, кое било на повеќе од девет часа возење од нивниот дом во Кларксдејл, Мисисипи.

Мајката на девојчето рече дека цената на абортусот во Чикаго е преголема, ако се земат предвид трошоците за патување, одморот од работа и дека таа нема средства да плати за сето тоа.

Тоа е само последен во низата слични случаи кои се појавија откако Врховниот суд на САД го укина правото на пристап до абортус во САД, објави „Гардијан“.

Од таа одлука на Врховниот суд, абортусот е ограничен во 14 американски држави, според Центарот за репродуктивни права.

Имало и случаи кога жените за малку ќе умреле бидејќи лекарите морале да чекаат додека животот не им биде загрозен за да направат абортус.

Се проценува дека 25 милиони жени на возраст меѓу 15 и 33 години живеат во американски држави со ограничени права за абортус.

Државата бара силувањето да се пријави во полиција за да се добие легален абортус.

Loading...

Два од три случаи на силување во САД не се пријавени во полиција, според американската непрофитна организација против сексуалните напади.