САД ѝ подаруваат на Чешка осум воени хеликоптери

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави ќе и дадат на Чешка осум воени хеликоптери „Бел“, соопшти американската амбасада во Прага.

Loading...

„Задоволство ни е да го потврдиме трансферот на шест хеликоптери AH-1Z и два UH-1Y како дел од програмата Вишок одбранбени предмети“, соопшти амбасадата, а пренесе Ројтерс.

Хеликоптерите се испорачуваат заедно со 12 претходно нарачани и ќе бидат бесплатни, освен трошоците за трансфер и надградба, со авионот кој треба да пристигне во 2023 година, објави амбасадата на Твитер во четвртокот.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова во коментар на оваа објава рече дека се испоставило дека „јасните и непоколебливи позиции на земјата од почетокот на руската инвазија на Украина се исплателе“, пишува весникот „Хосподаржске новини“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

„Не само што добивме почит од нашите сојузници за нашите напори да и помогнеме на Украина, туку ја добивме и нивната поддршка во модернизацијата на нашата армија“, нагласи чешкиот министер.

Чешката Република се обидува да ја забрза модернизацијата на својата војска од опрема од советската ера, вклучително и хеликоптерска флота, и донираше вишок оружје на Украина, наведува британската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.