Руте: НАТО е загрижен поради кинеските воени вежби во близина на Тајван

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изрази загриженост за воените вежби на Кина во близина на Тајван, повикувајќи ги членките на НАТО и пријателските земји да соработуваат за зачувување на слободните и отворени морски патишта во индо-пацифичкиот регион.

Loading...

„Кина ги поддржува напорите на Русија. Кина брзо ги зголемува своите вооружени сили, вклучително и морнарицата. Не можеме да бидеме наивни. Навистина мораме да соработуваме и да процениме што се случува“, изјави генералниот секретар на НАТО на крајот од посетата на јапонското поморско пристаниште Јокосука, пренесува АП.

Руте додаде дека НАТО е загрижен за кинеските воени вежби во близина на Тајван и потврди дека многу внимателно ги следи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Ќе преговарам со Кина за ТикТок. Си и јас имаме одлични односи

Јапонија ја гледа Кина како регионална закана и во последниве години ја забрзува изградбата на сопствените воени капацитети, вклучително и подготовките за набавка на крстаречки ракети со долг дострел за одмазднички напади во случај на кинески напад.

Освен со САД, Јапонија ги прошири одбранбените врски и со други пријателски земји во Индо-пацифичкиот регион и Европа, како и со НАТО, наведувајќи дека војната во Украина покажува дека безбедносните ризици во Европа и Азија не можат да се разделат.

„САД сакаат членките на НАТО да бидат повеќе вклучени во индо-пацифичкиот регион“, рече Руте и ја поздрави неодамнешната посета на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет на Јапонија и посветеноста на официјален Вашингтон за зајакнување на сојузот со Јапонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Далај Лама: Се надевам дека ќе живеам 130 години

Во последните неколку години НАТО ги зајакна своите врски со Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд, пренесува Танјуг.