Молдавија го повика на разговор рускиот амбасадор поради ракети што поминале низ нејзиниот воздушен простор.
Молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску напиша на Твитер дека го повикал рускиот амбасадор да објасни зошто три проектили лансирани од Црното Море кон Украина поминале низ воздушниот простор на Молдавија.
Денеска Русија истрела 75 проектили врз цели во Украина, откако еден ден претходно рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за терористички напад на мостот што ги поврзува Русија и Крим.
Three cruise missiles launched on Ukraine this morning from Russian ships in the Black Sea crossed Moldova’s airspace.
I instructed that Russia’s ambassador be summoned to provide an explanation.
— Nicu Popescu (@nicupopescu) October 10, 2022
Напади на Киев
Во нападите врз главниот град Киев и Лавов, Тернопил и Житомир на западот на Украина, Днепро и Кременчук во централна Украина, Запорожје на југ и Харков на исток, оштетени се 11 инфраструктурни објекти, што може да предизвика прекин на електричната енергија, прекин на проблеми со водоснабдувањето и комуникацијата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека главна цел на руските напади била енергетската инфраструктура на земјата, а втората цел биле луѓето.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.