Руски гувернер: Две наши села без струја по украински напад

Сподели со своите пријатели

Две руски села во областа Курск останаа без струја откако украинските сили фрлија две експлозивни направи на трафостаница, изјави утринава регионалниот гувернер Роман Старовоит.

Loading...

Рускиот гувернер наведува дека поради нападот без струја останале селата Попово-Лежачи и Теткино.

Едно лице, тврди рускиот гувернер, кое работело на поправките завршило со рани од шрапнели.

„Тој сега е во болница и лекарите му ја даваат сета помош што му е потребна“, објави рускиот гувернер Старовоит на својот канал Телеграм.

Да потсетиме, Курск е еден од руските региони чии лидери тврдат дека украинските сили се повеќе ги напаѓаат.

Киев претходно негираше дека нападнал руска територија.

Извештаите за пожари, експлозии и други акти на саботажа во Русија и на украинските територии контролирани од руските сили станаа почести во последните месеци.

Некои аналитичари сметаат дека тоа би можело да има врска со долгоочекуваната украинска контраофанзива.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.