Руски генерал: САД вршат експерименти со ХИВ врз украинските војници

Сподели со своите пријатели

Припадниците на украинската армија биле целна група на американските експерименти со ХИВ инфекција, кои се спроведуваат во Украина од 2019 година, според генералот Игор Кирилов, шеф за радијациона, хемиска и биолошка одбрана на руските вооружени сили.

Loading...

„САД го спроведуваат најконтроверзното истражување од гледна точка на меѓународното право надвор од националната територија. Пример се експериментите поврзани со ХИВ инфекцијата што американските специјалисти ги спроведуваат на територијата на Украина од 2019 година“, изјави рускиот генерал, пренесува РИА Новости.

Кирилов истакна дека целните групи во ова истражување не биле само „осудени лица или зависници од дрога, туку и претставници на вооружените сили на Украина“, наведува агенцијата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.