Руските сили во текот на ноќта го нападнаа градот Октирка во североисточна Украина, при што беа оштетени неколку станбени згради и автомобили, додека избувна пожар во помошна зграда, соопштија украинските власти.
Loading...
Според првичните информации, во нападот нема загинати или повредени, а на местото на нападот работат итните служби, пренесува Укринформ.
Руските сили во текот на ноќта извршија и голем напад со беспилотни летала врз украинскиот град Кривој Рог, каде се слушнале неколку силни експлозии, јавија претходно украинските медиуми, пренесува Танјуг.