Руски активист доби осум години затвор за снимка за Буча

Сподели со своите пријатели

Русија го осуди политичкиот активист Ричард Роуз (38) на осум години затвор за објави на социјалните мрежи во кои ја критикува инвазијата на Украина.

Loading...

Роуз беше уапсен во април минатата година, откако повторно објави видео во кое ги обвинува руските сили за масакрот во Буча.

Властите првично го обвинија за ширење незаконски дезинформации, а подоцна и за тероризам, бидејќи подоцна најдоа објава во која се повикуваше на атентат на претседателот Владимир Путин со цел да се стави крај на конфликтот во Украина.

Неговата сопруга Марја Роуз беше приведена во април 2022 година, но беше ослободена во очекување на почетокот на судењето, според групата за човекови права ОВД-Инфо, како што објави „Гардијан“.

ОВД-Инфо додава дека Марја Роуз со синот побегнала во Ерменија, каде што биле уапсени и им се заканувале со екстрадиција.

На крајот биле ослободени и побегнале во Полска.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.