Руската војска тврди дека синоќа соборила 128 украински дронови

Сподели со своите пријатели

Руската војска синоќа собори 128 украински дронови над неколку руски региони, вклучително и анектираниот Крим, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

Loading...

Воздушната одбрана пресретна и уништи 83 над Краснодарската област, во југозападна Русија и 30 над полуостровот Крим, кој беше анектиран во 2014 година, се вели во соопштението.

Мета на напади со беспилотни летала беа и руските региони Брјанск и Курск, на границата со Украина.

Нема информации дека е предизвикана штета од соборените дронови.

Киев ги засили воздушните напади врз енергетските и воените објекти на руска територија во последните месеци, како одговор на бомбардирањето на украинските градови и енергетските мрежи од февруари 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на украинските шпиони: „Русија сака да создаде империја. Овие 4 земји се следните цели“