Иран ја гаѓаше американската база во Јордан

Сподели со своите пријатели

Иран ја презеде одговорноста за нападот врз американската база во Јордан, откако Соединетите Американски Држави (САД) уништија пет ирански танкери за нафта во Заливот.

Иранската револуционерна гарда објави дека испукала ракети кон американската база Ал-Азрак.

Јорданската армија објави дека 20 ракети биле испукани на јорданска територија, според француските медиуми.

Армијата изјави дека 18 ракети биле пресретнати, додека две паднале во ненаселени области.

Иран тврди дека ги нападнале американските воени објекти – локации каде што се стационирани борбени авиони.

Нападот се случи еден ден откако Централната команда на американската војска (CENTCOM) соопшти дека пет танкери за нафта поврзани со Иран се уништени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е мајката што ги уби своите три деца: Сакаа да ја ослободат, но се случи пресврт!

Вашингтон ја опишува операцијата како одговор на неодамнешните ирански напади врз американски воен брод.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, предупреди дека САД ќе продолжат со ваквите операции.

„Секој пат кога Иран ќе се обиде да нападне американски бродови, ќе изгуби танкери за нафта“, рече Рубио.