Руска новинарка претепана во Чеченија, искршени ѝ се прстите

Сподели со своите пријатели

Руска новинарка кој работи за независниот весник Нова Газета е пренесена во болница откако била претепана во Чеченија, соопшти денеска руската невладина организација за човекови права Меморијал.

Loading...

Елена Милашина, експерт за Чеченија, беше нападната веднаш по пристигнувањето во таа земја за да го следи судењето.

„На новинарката ѝ се скршени прстите и одвреме-навреме губи свест“, се додава во соопштението на Меморијал.