Русите убиле украински агент: Планирал бомбашки напад во Русија?

Сподели со своите пријатели

Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека нејзини членови во Русија убиле осомничен агент на Украинската воена разузнавачка служба (ГУР), обвинет за планирање бомбашки напад.

Loading...

„За време на апсењето, кога ставал импровизирана експлозивна направа во скривалиштето, пружил вооружен отпор и бил неутрализиран со возвратен оган“, се вели во соопштението на ФСБ.

Како што се додава, осомничениот бил руски државјанин, роден 1984 година, регрутиран од ГУР.

Тој направил бомба која требало да биде поставена на возилото на шефот на фабриката за оружје во регионот Свердловск (Урал).

ФСБ додава дека во акцијата биле запленети пиштол, рачно изработена експлозивна направа со „висока моќност“ и уред за комуникација со ГУР.

Руските безбедносни служби, од почетокот на нападот на Украина во 2022 година, редовно апсат лица обвинети за соработка со Киев и планирање напади во Русија.