Русите убиле украинска лекарка кој спасувала деца од рак

Сподели со своите пријатели

Д-р. Оксана Леонтјева, една од водечките украински експерти за третман на деца заболени од рак, е убиена во рускиот напад врз Киев што се случи во понеделникот, пишува The Telegraph.

Loading...

Леонтјева починала додека го возела својот автомобил до Охматдит, најдобрата детска болница во Киев, каде што 11 години им пресадувала коскена срцевина на деца болни од рак.

Охматдит рече дека хирургот била убиена кога Русите испукале проектили на фреквентен булевар во центарот на градот.

Пред да оди на работа, докторката го однела во градинка нејзиниот петгодишен син Гриша.

Од детската болница додале дека Леонтјева „брзала да ги види своите пациенти“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Ракетниот напад Русите го извршија откако на крајот на минатата недела експлодираше мостот Керч, кој ја поврзува Русија со полуостровот Крим.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.