Русите тврдат дека постигнале значителен напредок во Запорожје

Сподели со своите пријатели

Руската армија постигна „значаен напредок“ во регионот Запорожје, во делумно окупираниот југ на Украина, изјави рускиот функционер Евгениј Балицки.

Loading...

„Нашите единици напреднаа значително североисточно од Новопокровка“, рече Балицки, кој Москва го назначи за гувернер на регионот, на Телеграм.

Тој додаде дека руските сили „продолжуваат да ја држат одбраната; и постепено да напредуваат“, додека украинските сили претрпуваат „значителни загуби“.

Руските сили ги засилија нападите долж линијата на фронтот по неуспехот на големата украинска контраофанзива во текот на летото.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.