Русите тврдат дека обрачот околу Бахмут е затворен

Сподели со своите пријатели

Основачот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин објави дека борците на оваа група практично го опколиле Артјомовск.

Loading...

Пригожин го повика украинскиот лидер Володимир Зеленски да дозволи украинските војници да го напуштат градот.

Еден од командантите на украинските сили изјави дека неговата единица добила наредба веднаш да го напушти Артјомовск.

Сергеј Рахманинов, член на Комитетот за национална безбедност и одбрана на украинската Рада, вчера изјави дека ситуацијата во Артјомовск е критична и дека од воена гледна точка нема смисла да се брани градот по секоја цена.

Главниот проблем е што руските единици ги прекинаа сите патишта за снабдување на Украинците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали ќе го поддржат неговиот мировен план? Зеленски во Вашингтон ќе се сретне со Трамп и Харис

Американската телевизија Си-Ен-Ен ја објави изјавата на еден украински војник кој признал дека ситуацијата во тој град е многу полоша отколку што официјално се најавува.

Руските сили во текот на ноќта го разнеле клучниот мост што го поврзува опколениот град Бахмут во источна Украина со блиското село Хромово, соопшти украинската полиција.

Полицијата во градот Константинивка изјави за Си-Ен-Ен дека се надева дека мостот ќе биде поправен во наредните денови, бидејќи тој е витална артерија за евакуација на цивили и испорака на залихи како муниција.

Loading...

Мостот е и последната главна рута за снабдување од Бахмут до градот Часив Јар.

Армијата сè уште може да пристапи до Бахмут преку полињата, соопшти полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин најави сериско производство на модерно оружје за руската армија

Бахмут е сообраќаен центар и преку него ги снабдува украинските војници на истокот на земјата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.