Една постара жена е убиена во денешното руско гранатирање на Харков, град во источна Украина, потврди локален претставник.
„Утринава, околу 5:10 часот, непријателот ја гранатираше населбата Купјанск-Вузлови во областа Купјанск. Една 72-годишна жена беше убиена, а станбена зграда беше оштетена“, рече гувернерот Олех Синехубов на апликацијата за пораки Телеграм, но Ројтерс не може самостојно да ја потврди точноста на тврдењата.
Источните делови на Харковската област се во непосредна близина на линијата на фронтот и украинските сили известија дека во последните денови се регистрирани голем број руски напади.
Регионалните власти на Харков претходно овој месец објавија дека е задолжителна евакуација на цивили од населбите најблиску до линијата на фронтот во областа Купјанск.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.