Градскиот суд во Москва осуди руски државјанин кој работел за полските разузнавачки служби на 23 години затвор, објави Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
„Пресудата на Градскиот суд во Москва, со која рускиот државјанин Георгиј Владимирович Пирогов, роден во 1989 година, кој бил вклучен во соработка со полските разузнавачки служби, стапи на сила“, се вели во соопштението на ФСБ, пренесува РИА Новости.
Судот го осуди Пирогов на 23 години затвор, кои ќе ги отслужи во казнена колонија под строг режим, парична казна од 800.000 рубли (околу 8.250 евра) и двегодишно ограничување на слободата.

