Руските власти објавија дека почнале да ја интегрираат нуклеарната централа Запорожје во системот на рускиот енергетски оператор Росенергоатом, објави државната руска новинска агенција РИА.
Ренат Карчаа, советник на генералниот директор на Росенергоатом, рече дека преминот кон рускиот систем ќе се случи откако електраната ќе ги искористи сите достапни резерви на гориво, што значи за околу 15 дена.
– Започна интеграцијата на електраната и нејзиниот персонал во јурисдикцијата на Росенергоатом, изјави рускиот шеф на Енергодар Александар Волга за рускиот портал Ukraina.ru.
По доаѓањето на оперативците од Руската Федерација, започна работата на интеграција на фабриката и вработените во јурисдикцијата на концернот Росенергоатом.
– Луѓето кои останаа во Запорожје одлучуваа за земјата во која ќе живеат. Жителите ја избраа Русија како место на живеење и место за работа. Запорожје веќе е составен дел на Русија – изјави Волга.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.