РУСИЈА: Вагони излетаа од шините во регионот на Волгоград

Сподели со своите пријатели

Вагони на товарен воз излетале од шините во близина на железничка станица во рускиот регион Волгоград поради „мешање на неовластени лица“, соопшти денеска железницата Волга.

Loading...

Во соопштението за медиумите се наведува дека, според првичните информации, нема повредени Министерството за вонредни состојби на Русија соопшти дека се запалиле резервоар за складирање и вагони со дрва, а пожарот е изгаснат.

Сообраќајот на таа станица е привремено во прекин, а истрагата за инцидентот е во тек, пренесува ТАСС.

Претходно Киев изјави дека украинските сили извршуваат напади врз рускиот железнички систем со цел да ја нарушат неговата воена логистика, пишува Ројтерс.