Русија тврди дека уништила хаубица што Украинците ја користеле за гаѓање на Запорожје

Сподели со своите пријатели

Руските сили ја уништиле хаубицата М777 од американско производство, со која украинската армија наводно отворила оган врз најголемата европска нуклеарна централа Запорожје, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Loading...

Констатирано е дека хаубицата е уништена во Марганец, пренесува Ројтерс.

Во март, руските сили ја зазедоа нуклеарната централа Запорожје, која беше на линијата на фронтот и често беше под оган.

Украина и Русија разменуваат обвинувања за отворање оган врз Запорожје.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.