Русија ќе го оспори замрзнувањето на нејзините средства во странство на суд, изјави денеска во парламентот шефицата на руската централна банка Елвира Набиулин, пренесува РИА Новости.
„Ова е невидено замрзнување на златни и девизни резерви. Ќе подготвиме правни дејствија, се подготвуваме да ги презентираме. Невидено е на глобално ниво да се замрзнат златните и девизните резерви на толку голема земја. Тоа е без преседан “, рече Набиулина.
Санкции против Русија
По почетокот на руската воена операција во Украина, западните земји воведоа големи санкции против Русија, а една од мерките е и замрзнување на девизните резерви.
Според министерот за финансии Антон Силуанов, во Русија се блокирани околу 300 милијарди долари.