Русија: Соборивме 25 украински дронови

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта над руска територија биле соборени 25 украински беспилотни летала, од кои два над регионот Белгород.

Loading...

По две беспилотни летала се уништени над регионите Брјанск и Белгород, а 21 беспилотно летало над Крим и Црното Море, пренесува РИА Новости.

Претходно, гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана одбиле напад со беспилотни летала врз градот и дека се уништени повеќе од 15 беспилотни летала. Според него, нема оштетувања на инфраструктурата.

Од почетокот на рускиот напад на Украина, во февруари 2022 година, Москва речиси секојдневно најавува напади со украински беспилотни летала на границата и централните делови на Русија.