Русија: Соборен украински дрон што летал кон Москва

Сподели со своите пријатели

Руските сили за противвоздушна одбрана утрово соборија украински дрон, кој летал кон Москва, соопштија градоначалникот Сергеј Собјанин и руското Министерство за одбрана.

Loading...

Како што е наведено во соопштението за печатот на руското Министерство, обидот на Киев да изврши терористички напад е сопрен и соборен е беспилотно летало со фиксни крила над градскиот округ Подолск во Московскиот регион, пренесува РИА Новости.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на Телеграм изјави дека дронот летал кон руската престолнина.

Како што додаде тој, повикувајќи се на прелиминарните податоци, нема повредени и не е причинета материјална штета на местото каде паднале остатоците од дронот, додава Тасс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.