Русија: Се додека нашата армија е во Запорожје, нема да има нов Чернобил

Сподели со своите пријатели

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во петокот изјави дека руското воено присуство во нуклеарната централа Запорожје гарантира дека „чернобилското сценарио“ нема да се повтори.

Loading...

Портпаролот на руското министерство Иван Нечаев во четвртокот рече дека предлогот на Обединетите нации за демилитаризација на областа околу таа електрана, најголемата во Европа, е „неприфатлив“.

Русија ја освои областа околу Запорожје во март.

Нуклеарната централа е во близина на линијата на фронтот и беше цел на гранатирање во последните недели, што ги зголеми стравувањата за нуклеарна катастрофа како онаа во Чернобил во 1986 година, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за нападите.

Украинската државна енергетска компанија Енергоатом во петокот објави дека руските сили планираат да ги затворат функционалните енергетски единици во централата и да ги исклучат од електричната мрежа на Украина.

Во четвртокот Москва ја обвини Украина дека планира „провокација“ во електраната.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.