Русија распиша меѓународна потерница по убиецот на Дарија Дугина

Сподели со своите пријатели

Русија издаде меѓународна потерница за Наталија Вовк, која е обвинета за убиство на руската новинарка и политиколог Дарија Дугина.

Loading...

Како што е соопштено за Спутник, Московскиот градски суд наредил Наталија Вовк да биде притворена два месеца по нејзиното апсење на територијата на Русија или екстрадиција.

Наталија Вовк е обвинета за убиство извршено од група лица, мотивирано од политичка или друга омраза.

Во Русија ѝ се заканува затворска казна од осум до 20 години.

Дарја Дугина загина на 20 август кога експлодирал автомобилот што го возела. Таа починала на лице место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Автомобилот експлодирал кога врз него била поставена активирана експлозивна направа.

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека зад убиството на руската новинарка стојат украински специјални служби, а сторител е украинската државјанка Наталија Вовк, која со ќерката пристигнала во Русија на 23 јули.

Според информациите на ФСБ, откако автомобилот во кој се наоѓала Дугина бил кренат во воздух, Наталија Вовк и нејзината ќерка отпатувале за Естонија преку регионот Псков.

Loading...