Русија: Повеќе туристи отколку во годината пред пандемијата

Сподели со своите пријатели

Бројот на луѓе кои ја посетиле Русија од мај до август оваа година изнесува околу 25 милиони луѓе, што ги надмина бројките и пред пандемијата и од минатата година.

Loading...

Ова го соопшти првиот човек на Федералната агенција за туризам, Зарина Догузова.

– Од мај до август во земјата одморале околу 25 милиони луѓе, што ги надмина бројките за минатата година и пред пандемијата – напиша таа на Телеграм.

Догузова забележа речиси двојно зголемување на интересот за рекреација во Северен Кавказ.

Традиционално, главните туристички рути вклучуваат патување околу Златниот прстен на античките градови, крстарења по големите реки, вклучително и Волга, и долги патувања по познатата Транссибирска железница.

Различни региони и етнички култури нудат различна храна и сувенири и покажуваат голема разновидност на традиции, вклучувајќи ги и ритуалите на Масленица или шаманизмот.

Во 2013 година Русија ја посетиле рекордни 33 милиони туристи, што ја прави деветта најпосетувана земја во светот и седма во Европа таа година.