Русија планира во наредните денови да објави анексија на четири региони на Украина

Сподели со своите пријатели

Русија е подготвена да анектира дел од Украина во рок од неколку дена по објавувањето на резултатите од гласањето за кое вели дека покажува поддршка во четири провинции да се приклучат, бидејќи Украина и Западот ги осудуваат нелегалните референдуми одржани под закана со оружје.

Loading...

На Црвениот плоштад во Москва беше поставена бина со огромни видео екрани, со билборди на кои пишуваше „Донецк, Луганск, Запорожје, Херсон – Русија!“.

Лидерот на Горниот дом на рускиот парламент изјави дека би можел да размисли за вклучување на четирите делумно окупирани региони на 4 октомври, три дена пред 70-тиот роденден на претседателот Владимир Путин, објави денеска Ројтерс.

– Се треба да се заврши во рок од една недела. Главната работа веќе се случи, референдумот се одржа. Затоа, да речеме дека локомотивата е веќе стартувана и тешко дека ќе биде запрена – изјави Родион Мирошник, амбасадор на самопрогласената Луганска Народна Република во Москва за државната новинска агенција РИА.

За анексијата на териториите, кои претставуваат околу 15 отсто од Украина, ќе биде потребно склучување договор што ќе треба да го ратификува рускиот парламент, кој е под контрола на сојузниците на Путин.

Тие области потоа ќе се сметаат за дел од Русија и нејзиниот нуклеарен „чадор“ ќе се прошири на нив.

Путин претходно предупреди дека ќе користи нуклеарно оружје за да ја заштити руската територија од напади.

Жителите кои побегнаа во областите контролирани од Украина во последните денови раскажаа како полицајците под закана со оружје ги принудувале луѓето да обележуваат гласачки ливчиња на улица.

Loading...

На снимката се гледаат службеници назначени од Русите како носат гласачки кутии од куќа до куќа со вооружени лица кои ги следат.

– Можат да објават што сакаат. Никој не гласаше на референдумот освен неколку луѓе кои сменија страна. Одеа од куќа до куќа, но никој не излезе – изјави Љубомир Бојко (43) од Голог Пристан, село во покраината Херсон под руска окупација.

Од Русија велат дека гласањето било доброволно, во согласност со меѓународното право и оти одѕивот бил голем.

Референдумите и идејата за анексија се отфрлени низ целиот свет, како и преземањето на Крим од страна на Русија од Украина во 2014 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да собере меѓународна поддршка против анексијата во серија разговори со странски лидери, вклучувајќи британски, канадски, германски и турски.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.