Русија не планира истрага за падот на авионот со Пригожин

Сподели со своите пријатели

Русија ги известила бразилските истражни воздухопловни власти дека не планира меѓународна истрага за падот на авионот Ембраер од бразилско производство, во кој загинаа шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин и други функционери на оваа платеничка група.

Loading...

Авионот на Пригожин Embraer Legacy кој летал од Москва до Санкт Петербург не покажал никакви проблеми до последните 30 секунди од летот кога почнал брзо да ја губи висината.

Освен Пригожин, во авионот биле и Валери Чекалов, кој исто така беше погребан денеска, Дмитриј Уткин, Сергеј Пропустин, Евгениј Макаријан, Александар Тотмин, Николај Матусеев и тројца членови на екипажот.

Бразилскиот центар за истражување и спречување на воздухопловни несреќи (ЦЕНИПА), во интерес на подобрување на безбедноста на воздухопловството, соопшти дека ќе се вклучи во истрагата што ја води Русија доколку биде поканета и доколку истрагата се води според меѓународните правила.

Од руските воздухопловни власти не се бараше да се согласат на заедничка истрага, но некои поранешни истражители рекоа дека треба, бидејќи американските и другите западни влади се сомневаат дека Кремљ стои зад авионската несреќа на 23 август.

Пригожин умре два месеци по бунтот „Вагнер“ и краткотрајниот „Марш кон Москва“, кој го започна оваа воена формација незадоволна од соработката со руското Министерство за одбрана.

„Вагнеровци“ набргу се откажаа од кампањата кон главниот град, а шефот на таа компанија по тајните преговори со Москва и белорускиот претседател Александар Лукашенко најде засолниште во Белорусија.

Последен пат се појави во јавноста за време на неговиот престој во Африка.

Loading...

Прес-службата на Евгениј Пригожин на Телеграм објави дека лидерот на „Вагнер“ е погребан „зад затворени врати“, на периферијата на Санкт Петербург, пренесува РТС.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.