Русија и Северна Кореја во вторник одржаа церемонија по повод пуштањето во употреба на првиот патен мост што ги поврзува двете земји, кој треба да биде отворен за сообраќај ова лето, соопшти Москва.
Односите меѓу двете земји, кои се под тешки меѓународни санкции, значително се зајакнаа за време на војната на Русија во Украина, а економските, политичките и воените врски се продлабочуваат.
Јужна Кореја предупреди дека соработката меѓу Кина и Русија придонесува за закрепнување на севернокорејската економија, која со години страдаше поради санкциите и изолацијата.
Руското Министерство за надворешни работи објави дека мостот ќе претставува „пресвртница“ во односите меѓу Русија и Северна Кореја, нагласувајќи дека неговата важност оди подалеку од технички проект.
⚡Road bridge spans between Russia and North Korea connected
Opening of the bridge scheduled for June 2026 pic.twitter.com/15Hia9Xk08
— RT (@RT_com) April 21, 2026
Мостот ја преминува реката Тумен, која претставува природна граница меѓу двете земји, а според руското Министерство за транспорт, може да носи до 300 возила и 2.850 луѓе дневно.
Во 2024 година, двете земји потпишаа договор за одбранбена соработка, кој предвидува меѓусебна воена помош во случај на напад.
Истата година, Северна Кореја испрати илјадници војници во Русија за да ги поддржат нејзините операции во Украина, вклучително и борбите во пограничните региони.
Руските претставници неодамна го посетија Пјонгјанг неколку пати, а Москва тврди дека новиот мост ќе ја олесни трговијата, економската и хуманитарната размена.
Според проценките на Јужна Кореја, економијата на Северна Кореја останува релативно мала и изолирана, со сериозни проблеми со недостигот на храна и долгорочните последици од кризата и санкциите.
🇷🇺🇰🇵 On the border between Russia and the DPRK, a road bridge across the Tumannaya River was connected. A direct road connection between the countries will appear for the first time, the Russian Ministry of Transport stated. pic.twitter.com/DIQi6K6WFO
— RusWar (@ruswar) April 21, 2026

