Русија: Гранатирана живинарска фарма во село во Луганск, петмина загинаа, а 19 се ранети

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во украинското гранатирање на живинарска фарма во селото Карпати во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) се зголеми на пет, соопшти денеска претставништвото на ЛНР во Заедничкиот центар за контрола и координација на режимот за прекин на огнот.

Loading...

Според прелиминарните информации, пет лица загинаа, а 19 се повредени во гранатирањето на селото Карпати (округ Перевал, ЛНР) од вооружени формации на Украина, се вели во соопштението.

Како што се наведува, во нападот била оштетена зградата на фармата, пренесува РИА Новости. Во септември минатата година официјална Москва објави припојување на Луганск и уште три украински региони кон Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.