Украинскиот град Бахмут сè уште е „најжешката област на линијата на фронтот“, изјави портпаролот на украинската војска за Си-Ен-Ен.
„Бахмут сè уште е најжестокото место на линијата на фронтот. Сега има трета рунда борци од платеничката група Вагнер, која Русија ја заменува со редовната армија“, рече Серхиј Черевати.
„Првиот бран, кој беше испратен на фронтот во февруари минатата година, го сочинуваа професионални војници, луѓе поврзани со ФСБ и Министерството за внатрешни работи. Вториот бран вагнерци го сочинуваа мобилизирани затвореници, кои беа избришани од лицето на земјата кога Вагнер се обиде да ја пробие одбраната со „живо оружје“, рече Черевати.
„Сега гледаме дека борците на Вагнер се заменети со редовната армија. Ова веројатно се случува поради конфликтот на Пригожин со раководството на руската армија“, додаде тој.
Украинските власти објавија нова проценка на руските загуби. Тие тврдат дека убиле повеќе од 1010 Руси во последните 24 часа. Дополнително велат дека уништиле и 10 тенкови.
Загальні бойові втрати противника з 24.02.22 по 11.03.23 орієнтовно склали / The total combat losses of the enemy from 24.02.22 to 11.03.23 were approximately: pic.twitter.com/jY73OuObun
— Генеральний штаб ЗСУ (@GeneralStaffUA) March 11, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.